Хари Кејн не се појавил на тренинг кампот на Тотенхем. „Скај спорт“, тврди дека Кејн со штрајк ќе го натера клубот да му дозволи трансфер.
Кејн, поради настапот на Европското првенство, доби подолг одмор. Претпаднево требаше да им се приклучи на соиграчите и да се запознае со новиот тренер, Нуно Еспирито Санто, но напаѓачот не се појавил во тренинг центарот.
Манчестер сити покажуваат најголем интерес за 28-годишниот фудбалер. На почетокот на предониот рок, Сити, понудиле 100 милиони фунти за Кејн. Тотенхем, поточно претседателот Даниел Леви ја одбил биз размислување.
Евентуалните трансфер на Кејн во Манчестер сити, значи дека барем една голема ѕвезда ќе мора да замине од тимот на Гвардиола. „Скај спорт“, пишува дека Сити ќе продаде еден од овие тројца фудбалери: Рахим Стерлинг, Ријад Марез или Габриел Жесус.