Top Sport

Погба подготвен да стане капитен на Јунајтед

Пол Погба вели дека е „задоволен“ од својата форма оваа сезона, додавајќи дека е „вистинска чест“ да биде капитен на клубот, откако во Манчестер јунајтед размислуваат кој треба да го наследи Мајкл Керик.

25-годишниот Погба, кој се врати во Јунајтед од Јувентус за сума од 100 милиони евра, оваа година беше под ударот на критичарите, меѓу кои неретко беше и менаџерот Жозе Мурињо. Погба во септември и ноември беше во аут со повреда на бутниот мускул, но се врати во форма, и беше прогласен за најдобар играч на Јунајтед за април.

„Имав повреда и пропуштив многу натпревари, но сега се чувствувам многу подобро и го докажувам тоа со асистенции. Не удирам диреци и пречки како лани, така што тоа е добро. Вклучен сум во доста голови оваа сезона“, вели Погба, кој постигна шест гола и асистираше 11 пати во Премиер лигата и Лигата на шампионите оваа сезона.

Тој исто така беше капитен на Јунајтед против Базел во ЛШ, и против Барнли, Саутемптон, Евертон и Дерби во Англија, и вели дека ја сака капитенската лента, иако во комбинација се и Антонио Валенсија, Немања Матиќ и Давид де Хеа.

„Добро е кога менаџерот верува во тебе. Вистинска чест е да се носи капитенската лента, но уште поголема чест е да се носи дресот на Јунајтед и да се игра на ’Олд Трафорд’. Кога бев во академијата, сонував за тоа и нормално дека сега сум горд“, додава Французинот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top