Top Sport

Халеп доминира на земја како Надал!

Иако е јасно дека Рафаел Надал е првиот фаворит на Мастерсот во Мадрид, кај дамите улогата на фаворитка не беше толку изразена. Сега, јасно е дека тоа е Романката Симона Халеп.

Актуелната двократна шампионка на турнирот со 6:0/6:3 ја елиминираше Белгијката Елизе Мертенс за да ја прекине нејзината низа од 13 победи. Романката стигна до победата за час и 11 минути игра со 23 директни победнички топки и само 18 неизнудени грешки. Мертенс во Мадрид пристигна со титулите од Мароко и Швајцарија. Следна за Халеп е Чехинката Кристина Плишкова, која со 7:5/6:2 ја победи Шпанката Сара Сорибес Тормо.

Каролине Вознијацки, која може да ја замени Халеп на првото место на ВТА листата од понеделник, инсистира дека (за среќа) кај дамите нема доминантна сила на земја.

„Немаме Рафа на ВТА турнејата. Кај мажите ако играте со него, знаете дека веднаш можете да си тргнете дома. Кај нас е поотворена ситуација“, вели Вознијацки.

Но, Халеп, која уште нема гренд слем титула, има фуриозен старт во „Каха Магика“, откако во првото коло со 6:1/6:0 ја „уништи“ Мертенс.

„Сега сум постара една година, имам повеќе искуство, но ова е тенис и никогаш не знаеш. Одиш меч по меч, ден по ден. На ова ниво сите се добри тенисерки“, изјави скромно Халеп.

Фото: ЕПА

Scroll to Top