Top Sport

Сидни Меклахлин со светски рекорд освои златото на 400 метри со пречки

Американката Сидни Меклахлин освои златен медал со време на нов светски рекорд, на 400 метри со пречки, на Олимписките игри во Токио.

Меклахлин, како фаворит влезе во трката и на крајот ја оправда таа улога, го поправи светскиот рекорд за 44 стотинки.

Времето на новиот светски рекорд на 400 метри со пречки изнесува 51.46 секунди.

Побргу од стариот рекорд (51.90 секунди), трчаше и сонародничката на Меклахлин, Далалјла Мухамад, која на крајот со 51.58 секунди, го освои сребрениот медал.

Третото мести и припадна на Холанѓанката, Фемке Бол (52.03 секунди).

Scroll to Top