Top Sport

Брилијантниот Пол го однесе Хјустон во финалето на Западот (Видео)

Кошаркарите на Хјустон изборија пласман во финалето во Западната конференција, откако ја добија полу-финалната серија против Јута со 4-1. Петтиот меч од серијата Хјустон го реши со 112:102.

Крис Пол го реши петтиот меч, постигнувајќи личен плејоф рекорд. Плејмејкерот на Хјустон одигра брилијантно во последната четвртина која „ракетите“ ја добија со предност од 13 поени (37:24).

Пол натпреварот го заврши со 41 поен, 10 асистенции и седум скока, тој погоди осум тројки од десет обиди. Во неговата 13-годишна кариера тој прв пат ќе игра конференциско финале.

Покрај Пол, одличен натпревар кај Хјустон одиграа Пи Џеј такер (19 поени, 6 скока) и Џејмс Харден (18 поени, 4 скока, 4 асистенции).

Дебитантот Донован Мичел ја предводеше Јута со 24 поени и девет асистенции, два поени помалку постигна Алек Буркс, а Ројс О’Нил уфрли 17 поени.

Scroll to Top