Хрватскиот тренер Роберт Просинечки по состанокот со Ровнак Абудлаев, претседателот на Фудбалската федерација на Азербејџан, не го продолжи договорот за да остане селектор на фудбалската репрезентација и е сè поблиску до клупата на Босна и Херцеговина. Просинечки е еден од главните кандидати за замена на Мехмед Баждаревиќ
„Мислам дека Роберт има некои други понуди, кои дојдоа додека работеше со нас. Се работи за добар човек и искусен стручњак и не верувам дека ќе му биде проблем да најде ново работно место“, вели Абудлаев.
Просинечки го замени германскиот тренер Берти Фогтс на азербејџанската клупа во 2014 година, а во неодамна завршените квалификации за СП во Русија во 2018, освои 10 поени за претпоследно место во својата група.