Top Sport

Хамилтон би сакал да е колега со Рикјардо

Иако вели дека е сосема среќен да продолжи со Валтери Ботас како колега и во 2018 година, Луис Хамилтон објаснува дека е комплимент што возачот на Ред бул, Даниел Рикјардо би сакал да бидат колеги во иднина.

Хамилтон речиси сигурно ќе ја запечати својата петта титула на неделната трка во Мексико Сити, бидејќи му е потребно само петто место за математички да е невозможно Себастијан Фетел да се врати во борбата.

На претходната трка во САД, Рикјардо, кому договорот со Ред бул му завршува на крајот на следната сезона изјави дека би сакал да се бори со Хамилтон додека тој е на врвот на својата кариера. Хамилтон уште го смета Фернандо Алонсо, со кого беше колега во Мекларен во 2007, како неговиот најталентиран ривал, но би сакал да се „обиде“ со Рикјардо.

„Не е толку важно против кого се тркам. Веќе се обидов со најдобрите, а според моето мислење тоа дефинитивно беше Фернандо. Кул е кога ќе чуеш дека некој сака да ти е колега. Даниел е одличен возач, и има одличен ривал во својот колега и би било привилегија да се тркам против него. Тој е одличен карактер и носи многу позитивна енергија со него“, изјави Хамилтон.

Scroll to Top