Светскиот шампион на 400 метри, Стивен Гарденер од Бахамите, го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио.
Гарденер, во една интересна трка, прв ја мина целта со време 43.85 секунди. Тој го освои првото злато за Бахамите во оваа дисциплина. Воедно, ова е прв медал за оваа држава на ОИ во Токио.
Второто место, слично како и на светското првенство, му припадна на Колумбиецот, Ентони Замбрано (44.08), додека трет низ целта мина олимпискиот шампион од 2008 година, Кирани Џејмс од Гранада (44.19).
Американците доживеаја дебакл на оваа трка, не освоија медал, откако Мајкл Чери заврши на четвртото, а Мајкл Норман на петтото место.