Фудбалскиот клуб Милан, во летниот преоден рок, го сака напаѓачот на Монако Радамел Фалкао. Како што објави „Тутоспорт“, во замена за колумбискиот напаѓач, Милан во Монако би го испратил Португалецот Андре Силва.
Милан нема намера да го задржи Андре Силва во своите редови. За услугите на младиот Португалец, Милан издвои 38 милиони евра, но тој не ги оправда очекувањата.
Фалкао, пак има добра сезона зад себе, во дресот на Монако тој постигнал 24 гола на 35 натпревари оваа сезона.
„Тутоспорт“, пишува дека размената може да биде извршена бидејќи познатиот Хорхе Мендеш е менаџер на двајцата фудбалери.
Интерес за Андре Силва покажува и новиот премиерлигаш Вулверхемптон, но Португалецот преферира да игра во некој познатите европски тимови.