Top Sport

„Pazza Inter“ – по Лукаку, и Де Фрај и Лаутаро сакаат да заминат!

Последната деценија, италијанските фанови на Интер му дадоа не толку пријатен прекар на својот омилен клуб – „Pazza Inter“, односно лудиот Интер, кој секогаш изненадува, понекогаш пријатно, но почесто непријатно.  Во 2010 дури и се сними песна под ова име, која до 2019 година беше пуштана пред натпреварите на „нераѕурите“.

Се веруваше дека ваквиот Интер е во минатото откако Мистер Антонио Конте го презеде клубот, го „среди“ и лани ја освои првата титула по една деценија, прекинувајќи ја низата на лутите ривали Јувентус. Меѓутоа, епилог на тоа е практичен „распад“ на шампионскиот тим ова лето, со многу грижи за иднината.

Прво, претседателот Стивен Жанг призна дека е невозможно да се продолжи со толку големи плати на играчите и дека поради економската криза мора да се „крати“. Прво си замина токму креаторот на шампионскиот тим, Конте, а потоа беше продаден Ашраф Хакими на ПСЖ, со ветување дека нема да има дополнителни заминувања.

Потоа се вмеша Роман Абрамович и неговите Челси. Понудата од 100 милиони евра за Ромелу Лукаку беше одбиена, но италијанските и англиските медиуми очекуваат тоа да се смени овој викенд со подобрена понуда до 130 милиони евра, и самиот Белгиец ги информирал шефовите дека сака да замине.

Сега на ред, се други фудбалери кои би сакале да си заминат, предводени од Лаутаро Мартинез и Штефан де Фрај. Италијанските медиуми тврдат дека директорите на клубот се против овие продажби, предводени од Бепе Марота, Пјеро Аусилио и Дарио Бачин и дека и тие може да заминат ако продолжи продажбата.

Pazza Inter…

Scroll to Top