Иако се тврдеше дека со последната финансиска инјекција која е најавена по економскиот договор на шпанската Ла лига, Лео Меси многу бргу ќе потпише продолжување на договорот со Барселона, „Марка“ тврди дека има радикален пресврт и дека сега е невозможно продолжување на договорот со аргентинската ѕвезда.
Според изворите на угледниот спортски весник, претседателот Жоан Лапорта знае дека Лео Меси е најдалеку од нов договор од било кога претходно, и сега по денешните преговори, ситуацијата е многу јасна.
Разговорите помеѓу клубот и претставниците на Меси биле во срдечна атмосфера, но нема да има договор, и Барселона сега нема да брза многу со намалувањето на платата на своите играчи.
Доколку овие информации се точни, покрај „бомбата“ која ќе ја предизвика на пазарот на играчи со слободен Лео Меси, во Каталонија се очекува бурно лето, посебно бидејќи Лапорта својата изборна кампања за претседател на клубот ја водеше на картата на заддржување на Меси во клубот.