Реал Мадрид планираат да ја тужат шпанската Ла лига незадоволни од договорот вреден 2.7 милијарди евра со американската „ЦВЦ Капитал партнерс“, останувајќи посветени на проектот на Европската суперлига.
Шпанската лига го најави договорот како клучен за иднината на фудбалот, бидејќи со него клубовите ќе добијат финансиска помош потребна по пандемијата на корона вирусот, меѓутоа со договорот би се ставил крај на надежите за организирање на Европската Суперлига.
Според „Ел индепендиенте“, претседателот на Реал, Флорентино Перез планира да ја тужи Ла лига, бидејќи смета дека делот на комерцијалните права која лигата ги продава на „ЦВЦ“ се во сопственост на клубовите, кои не дале поддршка за договорот.
Се верува дека Реал ја има поддршката на Барселона, но и на Атлетик Билбао, кои слично како Реал, Барса и Осасуна се клуб во сопственост на членовите, а не на компании како останатите клубови.