Откако синоќа Барселона објави дека Лионел Меси нема да го продолжи договорот и дека го напушта клубот, во јавноста се појавија теории дека целата приказна е стратегија на тимот на Меси, за да извлечата повеќе пари при потпишувањето на новиот договор.
Англиските медиуми тврдеа дека ова е само тактика, Меси и Барселона да влијаат врз Ла Лига да ги смени правилата за „селерикапот“, со цел да нема никакви пречки Меси да го потпише новиот договор.
„Марка“ ги демантира овие тврдења. Овој извор пишува дека двете страни биле заинтересирани за продолжување на соработката, но поради „економски и структурни“ пречки договорот не можел да биде потпишан.
„Не се работи за стратегија на Барса и Меси. Велат дека нема враќање на преговорите. Тие информации ги добиваме од луѓе кои се сериозно вклучени во случувањата во Барселона“, пишува Хозе Фелипе Дијаз, новинарот на „Марка“.
По повод случувањата во клубот, Барселна во 11 часот закажа прес конференција.