Фудбалската репрезентација на Мексико го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Токио. Мексиканците, во малото финале, ја победија домашната селекција на Јапонија со 3:1.
Головите за Мексико ги постигнаа Себастијан Кородва од пенал во 13.минута, Јохан Васкес во 22. и Алексис Вега во 58.минута.
Јапонците почесниот гол го постигнаа во 78.минута преку Каору Митома.
Мексиканците го освоија вториот медал во историјата на фудбалската репрезентација, во Лондон во 2012 година без први.