Шона Милер Ибо ја одбрани титулата на 400 метри, на Олимписките игри во Токио. Девојката од Бахамите, надмоќно ги победи ривалките. Во целта имаше време 48.36 секунди. Овој резултат е за 11 стотинки послаб од олимпискиот рекорд, на легендарната француска атлетичарка, Мари Жозе Перек.
Среброто во Токио го освои Мерлејди Паулина од Доминиканската република (49.20), а на третото место заврши легендарната Американка, Алисон Феликс.
Феликс во цета влезе со резултат 49.46 секунди. За Феликс ова е 10 медал од олимписките игри, со што стана атлетичарка со најмногу освоени медали во историјата на Олимпијадите.