Пристигнувањето на Лионел Меси на „Паркот на принцовите“ не значи дека Пари Сен-Жермен ќе бидат подготвени да го пуштат Килијан Мбапе да си оди, вели тренерот Маурисио Почетино откако шпекулациите ги поставија токму ПСЖ како први фаворити за потписот на Аргентинецот.
Се верува дека единствената пречка за потенцијално пристигнување на Меси во Париз е финансискиот ферплеј на УЕФА, и едно од решенијата би било Мбапе да го комплетира очекуваниот трансфер во Реал Мадрид, но Почетино не се согласува.
„Не сум зборувал со Меси. И дури да се случи тој трансфер не значи дека Килијан ќе замине. Секогаш е интересно кога има слободен играч од калибарот на Меси. Ќе го оставам клубот да ги решава тие проблеми, а јас ќе размислувам за мечот со Троа. Знаеме што се случи вчера и клубот работи на трансферите и на засилувањата“, вели Почетино пред првиот меч од Лига 1 против Троа.