Симона Халеп остана на добар пат до својата трета титула од Мадрид опен, и во исто време ќе биде број 1 и во понеделник, откако главната ривалка Каролине Вознијацки загуби во третото коло.
Романката, која е актуелна шампионка, со 6:1/6:4 рутински ја совлада Кристина Плишкова по час и 15 минути за да ја продолжи победничката низа во „Каха Магика“ на 15 меча.
.@Simona_Halep is first into the #MMOPEN quarterfinals!
Downs Kristyna Pliskova 6-1, 6-4! pic.twitter.com/YjTtnMfwCn
— WTA (@WTA) May 9, 2018
„Среќна сум што не отиде во три сета, бидејќи секогаш е тешко против сестрите Плишкова. Тие имаат силен сервис и секоја победа е добредојдена“, вели Халеп, која сега ќе се судри со другата близначка Плишкова, Каролина, која со 6:2/6:2 ја победи шампионката од САД опен, Слоун Стивенс.
Вознијацки пак, загуби со 6:2/6:3 од Кики Бертенс, која ќе игра со Марија Шарапова или Кристина Младенович во четврт-финалето.
A perfect ?@kikibertens takes the last 10 points to defeat World No.2 @CaroWozniacki 6-2, 6-2.
Advances to #MMOPEN quarterfinals! pic.twitter.com/KonLkZzLED
— WTA (@WTA) May 9, 2018