Top Sport

Лингард позитивен на коронавирусот

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард (28), се наоѓа во карантин, откако бил позитивен на коронавирусот. Информацијата ја потврди неговиот клуб.

Џеси Лингард е повратник на „Олд Трафорд“. Вториот дел од минатата сезона тој го мина во Вест Хем. Имаше блескави издание во дресот на „чеканите“, поради што Солскјер реши да го врати во Манчестер јунајтед.

Новата сезона во Премиер лигата ќе започне наредниот викенд. Манчестер јунајтед во првото коло ќе игра против Лидс.

Scroll to Top