Top Sport

Индија освои злато во Токио – Чопра најдобар во фрлање копје

Индија, на Олимписките игри во Токио, го освои првото злато по пуза од 13 години. Златото во фрлање копје, му припадна на Нераџ Чопра.

Индиецот, во втората серија, го фрли копјето на далечина од 87 метри и 58 сантиметри. И во првата серија Индиецот фрли преку 87 метри. Од конкурентите никој не успеа да фрли преку 87 метри.

Среброто и бронзата ја освоија Чесите, Јакуб Ведлејх (86 метри и 67 сантиметри) и Витеслав Весели (85 метри и 44 сантиметри).

Scroll to Top