Кошаркарската репрезентација на Словенија не успеа да освои медал на Олимписките игри во Токио. Словенците во малото финале се поразени од Австралија со 93:107.
Словенците, со Лука Дончиќ во тимот, до полу-финалето имаа 17 победи, меѓутоа ги загубија последните два меча. Со поен разлика беа поразени од Франција во полу-финалето, а во борбата за бронзата нема шанси против Австралија и брилијантниот Пети Милс.
Австралија имаше осум поени предност по првиот дел од натпреварот. Во третата четвртина стекна двоцифрена предност. Во решавачкиот период „кенгурите“ влегоа со плус од 11 поени.
Предноста ја одржуваа во првите четири минути, кога Словенците се доближија на 80:83. Следува серија на Австралија 24:11 за конечна победа.
До првиот олимписки медал во историјата, Австралија ја предводеше Милс со 42 поени, 26 од нив постигна во првото полувреме. Двоцифрен ефект имаа уште Инглс (16 поени), Лендејл (14), Ескум (12) и Тајбул (11).
Дончиќ беше најефикасен кај Словенците со 22 поени, осум скока и седум асистенции, Препелич постигна 18, Тоби 13, а Блажич 12 поени.
Претходно златниот медал го освои САД. Американците во финалето ја победија Франција со 87:82.