Top Sport

Лукаку го напушта Интер, се враќа на „Стенфорд Бриџ“

Интер ја прифатиле понудата од Челси за Ромалу Лукаку. Белгиецот ќе се врати на „Стенфорд Вриџ“ за 115 милиони евра. Ова ќе биде вториот најскап трансфер во историјата на англискиот фудбал. Рекордот пред неколку дена го поставија Манчестер сити, за Џек Грилиш тие платија 117 милиони евра.

Лукаку, за две сезони, стана вистински лидер на Интер. Минатата сезона го предводеше тимот, до освојувањето на првата титула, по пауза од 11 години.

Репрезентативецот на белгија, добро го познава фудбалот во Премиер лигата. Во минатото одигра три одлични сезони за Евертон и две лоши за Манчестер јунајтед. Претходно како млaд играч пристигна во Челси, но во ерата на Жозе Мурињо одигра само 15 наторевари и не постигна ниту еден гол.

Scroll to Top