Top Sport

Ришарлисон до претседателот на ФИФА: Ќелав, вака ќе биде и во Катар

Бразилскиот репрезентативец Ришарлисон имал свое мало шоу на доделувањето на златните медали, на Олимписките игри во Токио.

Бразил, за среќа на Ришарлисон, успеа да ја победи Шпанија со 2:1. Малком го постигна решавачкиот гол во 109 минута. Ришарлисон можеше да биде трагичарот бидејќи во првото полувреме промаши пенал.

На свечената церемонија, Ришарлисон му се обратил на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

„Ќелав, вака ќе биде и наредната година во Катар“, рекол Ришарлисон, алудирајќи на тоа дека Бразил ќе стане светски првак на Мундијалот наредната година.

Scroll to Top