Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Аксел Туанзебе се враќа во Астон вила на втора позајмица, откако по пристигнувањето на Рафаел Варан има малку шанси тој да добие шанса во првиот тим на „ѓаволите“.
Талентираниот 23-годишен централен бек, кој како јуниор беше добитник на повеќе награди во Англија, и минатата сезона беше позајмен на „Вила парк“, за кои одигра 25 меча во текот на сезоната.
„Астон вила е презадоволна што може да објави дека Аксел Туанзебе се враќа на уште една сезона на ‘Вила парк’ како позајмен фудбалер“, велат од Вила.
The teams are in, but first…
Axel Tuanzebe is back! ?#WelcomeBackAxel
— Aston Villa (@AVFCOfficial) August 8, 2021