Прволигашкиот фудбал се врати во Кавадарци, откако Тиквеш ја имаше честа да го пречека актуелниот шампион Шкендија во интересен натпревар, кој заврши без голови (0:0).
На отварањето на новата сезона, на високи температури, стрелците не беа најподготвени за игра и на пет меча се постигнаа само четири гола. Без голови беше и во Штип, каде што Брегалница успеа да остане непоразена од фаворизираниот Шкупи.
До победи на стартот на сезоната дојдоа Македонија Ѓорче Петров, со 1:0 против Пелистер и Работнички против Борец, исто така со минимални 1:0. Вториот нов прволигаш, ФК Скопје, се врати за 1:1 реми со Ренова.
ПРВА ЛИГА, 1.КОЛО
Брегалница – Шкупи 0:0
Македонија ЃП – Пелистер 1:0
Работнички – Борец 1:0
Ренова – Скопје 1:1
Тиквеш – Шкендија 0:0
Фото: ФК Шкендија