Кошаркарите на Бостон Селтикс ќе им се спротивстават на Кливленд Кавалирс во финалето на Источната конференција, во НБА лигата. Селтикс полу-финалната серија против Филалделфија ’76 ја добија со 4-1.
Петтиот натпревар од серијата одигран во „ТД Гарден“ во Бостон, Селтикс го решија во своја корист со 114:112.
Бостон и Филалдлефија одиграа уште еден одличен натпревар во оваа серија која го оживеа старото ривалство помеѓу клубовите.
Селтикс на полувреме имаа предност од девет поени, а Сиксерси во третиот период во финишот со серија 3:11 намалија на 78:74. Во последната четвртина Филалделфија влезе со поен негатива откако Џеј Џеј Редик погоди тројка.
Неизвесноста беше присутна низ решавачката четвртина. Филалделфија на нешто повеќе од две минути до крајот успеа да го преземе водството. Дарио Шариќ погоди тројка за 102:103.
Во лудиот финиш, Џејсон Тејтум ги погоди слободните фрлања за 111:109, а во наредниот напад Џоел Ембид не погоди за израмнување на резултатот. Потоа Тери Розир беше сигурен од линијата за слободни.
Во замата завршница Редик со тројка намали на 113:112, а Маркус Смарт погоди само едно слободно фрлање, но во последната секунда овој играч спречи долго додавање и го однесе Бостон во конференциското финале.
Тејтум го предводеше Бостон со 25 поени, Џејлен Браун уфрли 24, Тери Розир 17, а Ал Хорфорд 15 поени.
Кај Сиксерси, како и на претходниот меч блескаше хрватскиот репрезентативец Шариќ со 27 поени и 10 скока. Со ист број на поени и 12 скока натпреварот го заврши Ембид.
Финалната серија на Истокот ќе започне в недела, а првите два натпревари ќе се играат во Бостон.