Top Sport

Пеколен план на Реал, ќе издвои 500 милиони евра за Салах и Нејмар

Реал повоторно ќе игра финале во Лигата на шампионите, во кое ќе ја лови третата титула во низа, меѓутоа во Мадрид не се задоволни од сезоната што полека изминува.

Причините се јасни, Реал не се прослави во Ла Лига, од борбата за титулата испадна уште во декември, а тимот на Зинедин Зидан не се прослави ниту во Купот на Кралот, во четврт-финалето подобри беа фудбалерите на Леганес.

Поради тоа во клубот планираа голема реконструкција во летниот преоден рок, а како што пишуваа шпанските медиуми, Реал планира за само двајца фудбалери да потроши 500 милиони евра.

Напаѓачкото трио ББЦ (Бензема, Бејл, Кристијано) ќе замине во историјата, или двајца од овои тројца треба да го напуштат клубот, а новиот трилинг би требало да биде СЦН (Салах, Кристијано, Нејмар).

Оптимизмот на „Сантијаго бернабеу“ е толку голем, што сите биле убедени дека Нејмар ќе потпише за Реал пред почетокот на Светското првенство. Реал би платил 300 милиони евра за Бразилецот, а тој од Лука Модриќ би го добил дресот со број 10.

Мадридските медиуми се убедени и дека Флорентино Перез подготвува понуда и за Мохамед Салах. Египќанецот сезонава е еден од најдобрите во светот, а Реал за него на Ливерпул ќе му понуди 200 милиони евра.

Шпанците шпекулираа дека Ливерпул би ја прифатил оваа понуда, бидејќи менаџерот Јирген Клоп не верувал дека Салах во иднина ќе има уште една ваква сезона.

Парите за овие трансфери Реал планира да ги обезбеди од продажбата на неколку играчи, но и од спонзорите, односно од бродажбата на дресовите и влезниците.

Scroll to Top