Легендарниот фудбалски тренер, сер Алекс Фергусон не е повеќе на одделението за интензивна нега, во болницата „Салфор Ројал“, каде пред четири дена беше опериран поради мозочен удар.
76-годишниот Фергусон е префрлен во кралската болница Салфорд во манчестер, соопшти неговиот поранешен клуб. Клубот во соопштението додава дека семејството на Фергусон е „преплавено од голема поддршка“.
Сер Алекс успешната кариера ја заврши во 2013 година. Со Манчестер јунајтед тој освои 3 трофеи за 26 години.
Пред 11 дена Фергусон, заедно со актуелниот менаџер на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо, му врачија подарок на Арсен венгер кој по 22 години го напушта Арсенал.