Top Sport

Ѓоковиќ нема да ја брани титулата во Синсинати

Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Синсинати. Најдобриот светски тенисер, минатата година година втор пат во кариерата го освои овој Мастерс.

„Драги навивачи, сакам само да ви кажам дека ми е потребно повеќе време за да закрепнам. За жал нема да можам да учествувам на турнирот во Синсинати, мојот фокус е на Ју-ес опен. Сакам и да поминам малку време со моето семејство. Се гледаме во Њујорк“, напишал Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер, неодамна доживеа дебакл на Олимписките игри, откако не успеа да освои медал. Претходно, тој победи на првите три Гренд слем турнири во сезоната, Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон.

Scroll to Top