Барселона подготвиле очајничка понуда во обид да го задржат Лионел Меси, тврдат шпански и аргентински медиуми. Меси, во неделата, одржа проштална прес конференција, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во ПСЖ.
Шапнскиот „Ас“ и аргентинскиот „Оле“, тврдат дека клубот од „Ноу Камп“, преку извршниот директор Феран Ревертер, го контактирал Меси.
„Ас“, целата ситуација ја нарекува „циркус“ и повикувајќи се на телевизијата „Бетеве“, објави дека Ревертер, со последна понуда ги контактирал Меси и неговиот татко Хорхе.
Информацијата се појави во два часот наутро, поради што е тешко да се потврди или демантира колку е точна. Според овие извори Барселона се уште не се откажале од Меси.
Од друга страна, француските медиуми, пренесоа дека ПСЖ во текот на денот, на официјалните страници ќе го потврди трансферот на меси, а потоа тој ќе биде промовиран во нов играч на клубот.
„Лекип“, ги објави деталите од договорот. Меси во ПСЖ ќе има неделна плата од 769.000 евра, ќе потпише две годишен договор.