Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури побара од неговите фанови молитва за неговата новородена ќеркичка Атена, откако бебето повторно заврши на интензивна нега во клиниката во Ливерпул.
Атена е шестото дете на англискиот боксер и дојде на свет во неделата, но веднаш беше поставено на вентилатор поради проблеми со дишењето. По ова, состојбата на бебето се стабилизира, но сега Фјури прати загрижувачка порака на социјалните мрежи.
„Бебето Атена повторно е на интензивна нега, ве молам споменете ја во вашите молитви“, напиша 32-годишниот Фјури.