Top Sport

Начо во „војна“ со Пике: Сите го знаеме каков е

Иако поминаа четири дена од „Ел Класико“ и жестокиот судир на Барселона и Реал Мадрид, кој заврши со 2:2 и со многу контроверзни коментари околу судењето, Начо Фернандез не го заборави лутиот разговор со Жерард Пике на полувремето.

Пике му шепна нешто на Начо пред почетокот на второто полувреме, нешто што предизвика лута реакција на дефанзивецот на Мадрид.

„Сите го знаеме Пике, тој ги сака овие ситуации. Му кажав дека ни дале многу црвени картони и на нас, и дека и јас сум полн со фудбалски анегдоти. Тоа беше сѐ“, изјави Начо на прес-конференција во четвртокот.

Севилја го казни Реал Мадрид во средата со 3:2 со што ги зголеми шансите за пласман во Лигата на Европа и Начо нема одговор за поразот во меч во кој капитенот Серхио Рамос утна еден пенал, постигна друг и си даде автогол.

„Понекогаш има денови кога ништо не ти оди. Ова е спорт во кој секогаш се среќаваш со добри екипи, како Севилја, кои играа навистина одлично. Но, сега сите размислуваме за Ливерпул и за финалето на Лигата на шампионите. Имаме почит кон противникот, но  имаме и самодоверба“, додава Начо.

Scroll to Top