Top Sport

Јејтс е новиот лидер на Џиро Д’Италија (видео+галерија)

Сензационалната тимска работа на Мичелтон-Скот на вулканот Етна донесе етапна победа за Колумбиецот Естебан Чавес, но и ја донесе розевата маичка на градите на Британецот Сајмон Јејтс.

Јејтс му ја подари на својот колега заслужената победа без обид за спринт на првиот планински финиш на Џирото, откако Чавес беше вистинска ѕвезда во 169-те километри од Калтанисета до астрофизичката опсерваторија на Етна.

Чавес беше последниот кој остана од групата од 27 велосипедисти, кои ги нападнаа фаворитите во последните две километри на трката.  Јејтс и Чавес на крајот стигнаа заедно на целта, двајцата пресреќни од одлично завршената работа. Јејтс ја презема „маља роса“ од Австралиецот Роан Денис (БМЦ), кој не успеа да го следи темпото во финишот.

Ова е прват 25-годишниот Јејтс да биде лидер на една од големите трки, и ја комплетира одличната прва недела на „Ла корса роса“. Французинот Тибо Пино (Групама-ФДЈ) ја предводеше втората група со 26 секунди заостанување, во која беа и актуелниот шампион Том Думулин (Санвеб), Крис Фрум (Скај), Фабио Ару (Емирати) и Мигуел Анхел Лопез. Думулин заостанува 16 секунди зад Јејтс, Чавес е втор со 26 секунди.

Scroll to Top