Оле Гунар Солскјер вели дека е пресреќен од „пазарот“ кој Манчестер јунајтед го направи ова лето и дека со подновениот тим „ѓаволите“ ќе мора да одат на титули во сите натпреварувања во кои учествуваат.
Откако тој го продолжи договорот со Јунајтед до 2024, Солскјер ги доби Џејдон Санчо и Рафаел Варан и признава дека сега има далеку посилен тим.
„Возбуден сум од мојот состав. Мислам дека нема титула која е недостижна за овие момци. Ќе видиме што ќе се случи до крајот на сезоната, колку жртвување, колку дисциплина и постојаност ќе дадеме. Ако сакате да бидете најдобри, морате да живеете како најдобрите, и секои три дена да играте така. Не е лесно, но така се прават работите. Да, има прогрес, но уште не сме освоиле ништо, а за тоа сме тука. Јас сум навикнат на победи. Кога бев тука како фудбалер, бевме трети само еднаш!“, вели Солскјер.