Интер се договориле со ПСВ Ајндховен за трансферот на холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис за 12 милиони евра плус 2.5 милиони евра во бонуси, јавува „Скај спорт Италија“.
Бекот треба да го замени Ашраф Хакими, кој замина за 70 милиони евра во Пари Сен-Жермен, и совршено би се вклопил во 3-5-2 формацијата на новиот тренер Симоне Инзаги.
25-годишниот Дамфрис, кој има 23 настапи за холандската репрезентација, пристигна во ПСВ од Херенвен во јули 2018 година и оттогаш одигра 124 меча со 16 гола и 20 асистенции.
Inter, offerta da 12 milioni per Dumfries. Le news di calciomercato#SkySport #SkyCalciomercato https://t.co/yIbpEv44BI
— skysport (@SkySport) August 12, 2021