Фудбалската репрезентација на Македонија падна од 62. на 72. место на најовата ранг листа на ФИФА, на чиј врв останува Белгија, додека новиот европски шампион Италија уште е зад Англија, репрезентацијата која ја победи за европската круна.
Причина за падот на листата, секако, се трите порази кои македонската репрезентација ги забележа во своето прво историско учество на Европското првенство, во Австрија, Украина и Холандија.
Белгијците остануваат најдоброрангирани на листата пред Бразил, Франција, Англија и новиот европски шампион Италија. Во топ 10 влегоа Мексико и САД, додека испаднаа Данска и Уругвај. Аргентина по освојувањето на Копа Америка е на шестото место пред Шпанија, Португалија, Мексико и САД.
Фото: ФФМ
?? European champions climb ?♂️
?? Copa America conquerors on the up ?
?? Concacaf kings return to the top 10 ⬆️? #FIFARanking rewards all round for the various continental champions ?
?? https://t.co/nDySrzLYTk pic.twitter.com/uY9rZEdrBW
— FIFA.com (@FIFAcom) August 12, 2021