Клубот на Акхисар стигна до својата прва титула во историјата на клубот, откако го шокираа Фенербахче со 3:2 во финалето на Турскиот куп во Дијарбакир.
На првиот меч на новиот стадион во Дијарбакир, Акхисар дојдоа водство во 32. минута преку Мигуел Лопес, пред во 56. минута Фернандао да израмни на 1:1.
Тогаш следуваа магичните 10 минути за тимот од западна Турција, откако преку Абдул Сисоко (70. минута) и Хелдер Барбоса (81. минута) стигнаа до убедливо 3:1 водство. Соуза во 86. минута донесе надеж за навивачите на Фенер, но на крајот Акхисар стигна до трофејот.