Градот Мајами го одбори предлогот да биде домаќин на трка во Формула 1 шампионатот. Како домаќин градот би може да дебитира во Формула 1 веќе наредната сезона.Трката во Мајами ќе биде втора во календарот на Формула 1, по онаа во остон, тексас.
Според планот, трката ќе се одржува во пристанишниот дел на градот. Болидите ќе возат крај арената на НБА тимот, Мајами Хит, а потоа ќе се движат по булеварот Бејфронт парк, а ќе возат и преку Порт бриџ, што треба да биде еден од „трејд-марковите“ на трката.
Во однос на оваа трка, актуелниот светски првак Луис Хамилтон, упати критики до Формула 1, бидејќи возачите не биле консултирани во врската со планот на патеката.
„Ниту еден возач во историјата не учествувал во дизајнирањето на патеката. Не го разбирам тоа. Ние не сме дизајнери, но кога ќе видам ваков план, морам да кажам дека не сум воодушевен. Мислам дека може да бид еуште позабанвно“, рекол Хамилтон.
Се шпекулира дека Мајами и Формула 1 ќе потпишат десетгодишен договор, а првата трка е планирана за октомври 2019 година.