Top Sport

Буфон на 300 натпревари не примил гол

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, успеал во текот на својата кариера во „црно-белиот“ дрес, на 300 натпревари да ја сочува својата мрежа.

Јувентус, во средата, го декласира Милан со 4:0 и ја освои титулата во Купот на Италија. Интересно Јувентус оваа сезона во Купот на Италија не примил ниту еден гол. Најчесто на овие натпревари бранеше резервниот голман Шчесни, меѓутоа големиот Буфон застана меѓу диреците во финалето.

Според „Тутспорт“, финалето против Милан бил 300.натпревар на кој Буфон не примил гол. Во кариерата тој настапил на 655 натпревари за Јувентус, што значи дека на 46 отсто од натпреварите не примил гол.

Оваа сезона Буфон 21 пат успеал да го одбрани својот гол.

Scroll to Top