Top Sport

Ван Дајк продолжува со „црвените“: Напорна работа вложив, се радувам на иднината!

Холандскиот фудбалски дефанзивец Вирџил Ван Дајк потпиша нов долгорочен договор со екипата на Ливерпул до 2025 година, соопштија денеска од клубот.

„Неверојатно чувство. Тоа е нешто на што сум посебно горд, на што се горди и мојата сопруга и децата. Напорна работа вложив, се радувам на она што носи иднината. Одушевен сум, многу среќен и горд“ рече 30-годишниот фудбалер.

Холанѓанецот е на „Енфилд“ од почетокот на 2018 година, дојде од Саутемптон. За „црвените“ одигра 130 меча и постигна 13 гола, освојуваше трофеи во ПЛ, ЛШ, Суперкупот на Европа и СКП.

Поради повредата на коленото минатата сезона ја заврши уште во октомври, а во подготвителниот период за новава сезона настапи на 3 меча.

Ливерпул во првото коло викендов во ПЛ утре гостува кај Норич.

Scroll to Top