Top Sport

Пандев продолжува со Џенова до крајот на јуни 2022 година

„Горaн Пандев се уште е `рособлу` фудбалер. Напаѓачот е освежен со историското учество на ЕП, го обнови договорот со Џенова до 30. јуни 2022 година“.

Ова е веста што денеска ја објави калчолигашот Џенова поврзана со македонскиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев.

Клубот на оригинално го најави продолжувањето на соработката. На Твитер напишаа: „Еј Сири, пушти ја плеј-листата Горан Пандев“.


Џенова инсистираше да го задржи Пандев барем уште една сезона, а тој иако ја заврши репрезентативната кариера, смета дека се уште може да придонесе во Серија А каде постигна 101 гол во сите клубови за кои настапуваше.

Во Џенова има 156 настапи.

Scroll to Top