Со мечот Брентфорд – Арсенал вечерва во 21 часот започнува новата сезона во англиската фудбалска Премиерлига.
Титулата ја брани тимот на Манчестер Сити кој и оваа сезона е главниот фаворит за драгоцениот пехар. Според прогнозите три тима ќе бидат главните кандидати да ја „симнат круната“ на Сити – Челси, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Чекор поназад се чини се Лестер, Арсенал, Евертон, Тотенхем…
„Граѓаните“ ги засилија редовите со Џек Грилиш, се уште е неизвесно дали Хари Кејн ќе се придружи на четата на Пеп Гвардиола. По долг период во нападот ќе го нема Серхио Агуеро, кој заедно со Ерик Гарсија се преселија во Барселона.
Прв кандидат да ги симне „граѓаните“ од тронот секако е Челси кој е европски шампион, а од вчера дополнително засилен со Ромело Лукаку.
Манчестер Јунајтед го доведе Џејдон Санчо од Борусија и Рафаел Варан од Реал Мадрид, додека Ливерпул го доведе само Ибрахим Конате пред новата сезона, а остана без услугите на Вајналдум, кој се пресели во ПСЖ.