Top Sport

Тухел вели Челси не се фаворити: Ги сакавме Халанд и Лукаку, а Левандовски како „десетка“

По трансферот од 98 милиони фунти на Ромелу Лукаку во Челси, менаџерот Томас Тухел на шега вели дека тоа не е доволно и дека не добил дозвола да ги донесе и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

„Да, се обидовме да потпишеме со двајцата, и со Левандовски како 10-тка отзади. За жал, бордот не ме слушаше и го имаме само Лукаку. Да, пропуштивме многу шанси, како Лео Меси. Затоа сум многу вознемирен и не сакав да продолжам. Не! Потребен ни беше одреден тип на играч и презадоволен сум од односот на играчите. Според мене, не се работеше да се донесат што е можно повеќе фудбалери во групата, туку да се донесе вистински фудбалер на вистинско место. Секогаш има сомнежи за трансферите, но го избравме Ромелу, бидејќи го знае клубот и што значи да се биде во Челси“, вели Тухел.

И покрај тоа што се шампиони во Лигата на шампионите, Тухел е изненаден што многумина ги сметаат фаворити за титулата во Премиер лигата.

„Кога ќе бидете четврти, не може следната сезона да сте фаворити за титулата. Тоа ме изненадува, бидејќи сите знаеја дека ни требаше помош да стигнеме до топ 4 и да имаме успешна сезона. Дозволивме Ливерпул да не поминат во последното коло, а имаме голема разлика да надополниме до Манчестер јунајтед и Манчестер сити. Кога ќе видите што правеа тие ова лето со засилувањата, не знам зошто сега ние би биле фаворити“, вели Тухел.

Scroll to Top