Top Sport

Робен и Рафиња барем уште 12 месеци со Баерн Минхен

Баерн Минхен потврди дека двајцата искусни членови на нивниот тим, Арјен Робен и Рафиња го продолжиле договорот за уште 12 месеци и ќе поминат уште една сезона на „Алијанц арената“.

Околу иднината на 34-годишниот Робен имаше многу шпекулации, посебно по вестите од Германија дека тој размислува дали воопшто да остане во фудбалот, но претседателот Карл-Хајнц Румениге беше трпелив.

„Го решававме тоа на опуштен начин, бидејќи го познаваме Робен. Тој е горд Холанѓанец, и морате да имате трпение со него. Ние сме трпеливи“, изјави Румениге.

Со ова речиси се комплетира составот на Баварците за новата сезона, прва под новиот тренер Роберт Ковач, кој го заменува Јуп Хајнкес, кој донесе уште една титула од Бундеслигата оваа година.

Scroll to Top