Бразилската репрезентација ќе биде значително ослабена за Светското првенство во Русија, откако Дани Алвеш заработи повреда на коленото и речиси сигурно нема да биде дел од „Селесао“.
35-годишниот Алвеш се повреди во финалето на Купот на Франција во вторникот навечер, но се надеваше дека ќе биде подготвен за Русија, меѓутоа по прегледите од бразилските доктори во Париз во четвртокот, на надежите им дојде крај.
Според „Глобоеспорте“, тимот поминал четири часа со лекарите на ПСЖ и Алвеш и прогнозата не е добра, така што ќе му требаат барем два месеци за тој да може да почен да игра, и тоа без операција.
Алвеш има 107 настапи за Бразил, а неодамна беше и капитен на пријателските мечеви против Англија и Германија.
Фото: ЕПА