Top Sport

Варан: Предизвик е да се игра во голем клуб како Манчестер јунајтед

Рафаел Варан вели дека е презадоволен што ќе игра со својот колега од француската репрезентација Пол Погба во Манчестер јунајтед и најави дека пристигнал на „Олд Трафорд“ во потрага за нов предизвик во голем клуб.

Јунајтед потрошија 40 милиони фунти за 28-годишниот дефазивец, кој официјално беше презентиран во саботата пред мечот со Лидс јунајтед.

„Пресреќен сум. Го познавам Пол долго време, бидејќи заедно почнавме во француската репрезентација. И тој е амбициозен како мене и подготвени сме да работиме напорно и да освојуваме трофеи. Тој ги мотивира сите со својот карактер во соблекувалната и со својата енергија на теренот. Јас и тој сме различни луѓе, но добро се надополнуваме“, вели Варан.

Тој објасни зошто заминал од Реал Мадрид по 10 блескави години на „Бернабеу“.

„Мислам дека беше вистински момент поради многу причини, но најголемата е тоа што е нов предизвик и имам голема мотивација да почнам во нова лига во голем клуб како Манчестер јунајтед. Беше време за промена и за моето семејство, кое пристигна со мене во Англија“, вели Варан.

Scroll to Top