Top Sport

Баерн не можат да ги заддржат по секоја цена Кимих и Горецка

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер призна дека клубот не може да ги заддржи Џошуа Кимих и Леон Горецка по секоја цена пред крајот на нивните договори.

Кимих има уште две сезони обврска со Баварците, додека Горецка би бил слободен играч веќе следното лето и е поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед. Баерн се обидува да ги „врзе“ двајцата со долгорочни договори, но германските шампиони нема да бидат „уценувани“ со високи плати, вели Хајнер.

„Секако нема да бидат заддржани по секоја цена. Фудбалерите знаат што имаат во Баерн, добро се платени, сите ја добиваат својата плата. Со нас исто така можат да освојуваат титули сега и во иднина“, вели Хајнер за „Кикер“.

26-годишниот Кимих дојде во Баерн од РБ Лајпциг во 2015 и оттогаш има 30 гола и 72 асистенции во 262 настапи за Баварците, додека Горецка по пристигнувањето од Шалке во 2018 има 25 гола во 113 мечеви.

Scroll to Top