Top Sport

Интер мораат да „најдат“ 340 милиони евра за 36 месеци!

Италијанските медиуми тврдат дека кинеската „Сунинг“ групација ќе ја загуби контролата на Интер доколку не најдат 340 милиони евра во следните 36 месеци, откако долгот на клубот стигна фантастични 700 милиони евра.

Весникот „Ил фато квотидијано“ цитира дел од истражувачката сторија на „РАИ 3“, посебно околу Интер, кои во мај ја освоија титулата од Серија А, по што се случи „распад“ во тимот – си замина тренерот Антонио Конте, а беа продадени и Ашраф Хакими (ПСЖ) и Ромелу Лукаку (Челси).

Според нивните информации американскиот инвестициски фонд „Оуктри“ позајмил 275 милиони евра на „Грејт хорајзон“, холдинг-компанијата која поседува 68 отсто од акциите на Интер. Овие средства се позајмени за клубот да не банкротира, по што долгот се зголемил на неверојатни 700 милион иевра.

Интер мора да ги врати долговите во следните три години со 9 отсто годишна камата, што за три години е вкупно 72 милиони евра, со што се достигнува сумата од 340 милиони евра. Друга алтернатива е холдинг-компанијата, односно клубот да биде преземен од Американците на сличен начин како што „Елиот менаџмент“ го преземаа Милан од поранешниот кинески газда Јонгхонг Ли.

Според весникот, Интер се реши на продажба на играчи ова лето за да се подобри финансиската ситуација за клубот да може да се продаде, иако ова лето беше одбиена понудата од 700 милиони евра од „БЦ партнерс“. Сега, „Сунинг“ би биле задоволни да добијат и 600 милиони евра за клубот.

Scroll to Top