Top Sport

Куп на Македонија: Можно четврт-финале Вардар-Шкендија

Денешната ждрепка која се одржа во Фудбалската федерација на Македонија, во четврт-финалето на националниот Куп носи можен дуел помеѓу двете најквалитетни екипи Вардар и Шкендија.

Актуелниот шампион Вардар за да стигне до двомечот со Шкендија ќе мора најпрвин да ги одработи осмина-финалнниот меч со Шкупи.

Покрај овој дуел, во четврт-финалето, ќе има уште едно дерби, она помеѓу бранителот на трофејот во Купот Пелистер и неговиот вечен пелагониски ривал Победа.

Ренова е фаворит во двомечот со Скопје, исто како и Академија Пандев против второлигашот Тетекс.

Дуелите се закажани за 8 и 29 ноември, со исклучок на двомечот каде игра Шкендија, бидејќи Вардар и Шкупи допрва треба да го одиграат својот осмина-финален натпревар.

Победникот од овој меч ќе ја пречека Шкендија во четврт-финалето на 17 декември, а реваншот ќе се игра на 21 февруари наредната година.

Четврт-финални двојки во Купот на Македониа:

Пелистер-Победа
Ренова-Скопје
Тетекс-Академија Пандев
Шкупи/Вардар-Шкендија.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top