Шпанскиот голман од Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа на својот Твитер профил сподели снимка на која тој игра тенис со пријателите, па во еден момент со сјаен „штоп-волеј“ освојува поен така што топчето прво удира на страната на противниците, па се враќа во неговото поле.
„Речиси сум подготвен за САД опен, АТП, дали задоцнив да добијам валјд карта? – се пошегува чуварот на мрежата на „ѓаволите“.
Од АТП одговорија со ретвит на видеото со коментар – „Навистина импресивно“.
Во коментарите се јави и британскиот тенисер Енди Мареј. Тој го покани Де Хеа да му биде партнер во дубл.
Almost ready for the @usopen ?? @atptour , do you think I'm on time to get a wild card? pic.twitter.com/Nbjnso1id3
— David de Gea (@D_DeGea) August 17, 2021