Првиот човек на Лацио, Маурицио Сари е заинтересиран за потписот на Педро Родригез, откако шпанското крило не е во плановите на тренерот Жозе Мурињо во Рома, со што тој може да стане првиот играч во модерна ера кој направил трансфер меѓу двата римски ривали.
Според „Калчомеркато“, спортскиот директор Игли Таре веќе се договорил со Педро лично, откако Сари работеше со Шпанецот во Челси.
34-годишниот Педро и Сари заедно ја освоија Лига Европа со Челси, во сезона во која поранешниот фудбалер на Барселона постигна 12 гола. Договорот на Педро со Рома завршува во јуни 2023 година.
Clamoroso #Roma, #Pedro alla #Lazio! https://t.co/PNlG47reMH pic.twitter.com/fAcjfu6ZO6
— calciomercato.com (@cmdotcom) August 18, 2021